Бугарија планира да го воведе еврото до 2013 година, а новата Влада себе си постави цел токму таа да ја воведе земјата во еврозоната, изјави бугарскиот министер за финансии Симеон Ѓанков. Бугарската влада во ноември ќе побара прием на бугарската валута - левот, во режимот на девизен курс ЕРМ-2. Бугарија досега не можеше да влезе во тој режим бидејќи во последните години имаше висока инфлација. Дипломатите, меѓутоа, предупредуваат дека влезот во еврозоната го спречува и високата стапка на корупција и организиран криминал, со кој претходната Влада на социјалистите не умееше да излезе на крај.