Најмалку 4 милитанти се убиени, а еден полицаец е повреден во престрелка меѓу бунтовниците и полицијата ноќеска во Индонезија. По престрелката уследила и силна експлозија . Според властите, четворицата убиени и тој што ја направил бомбата биле барани од полицијата под сомнение дека се вмешани во двата самоубиствени напада врз луксузните хотели во Џакарта кои се случија во јули.