Родригез- Обама не го промени односот спрема ембаргото

Доаѓањето на Барак Обама на чело на САД не направи никакви промени во однос на ембаргото спрема Куба, изјавил кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез. Како потврда на своето тврдење Родригез го навел тоа што Обама го продолжил за една година законот за „трговија со непријателот“, со кој почна ембаргото уште во 1963-та година. Американското ембарго беше особено засилено во периодот од 1992 до 1996, а потоа ставовите малку се променија кога Америка и дозволи на Куба да продава земјоделски производи и лекови под одредени услови. Обама во април им дозволи на Американците со кубанско потекло да патуват во Куба.