Земјоделците не ги осигуруваат посевите

Земјоделска површина

Иако е значително битно, меѓу земјоделците има мал интерес за осигурување на посевите. Во Куманово за осигурителни субвенции за тековната година се пријавиле само петмина баратели.
Во Подрачното министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во Куманово за осигурителни субвенции за тековната година се пријавиле само петмина баратели. Од нив тројца правни и двајца физички лица, објаснува Скендер Алии. За регион како што е кумановскиот оваа бројка е незначителна.

„Бројот на баратели за осигурителни субвенции во земјоделието е многу мал, за 2009 година. За жал, морам да го кажам ова, зашто како што е предвидено во Програмата за земјоделието и рурален развој за 2009 година средствата за осигурување на житните посеви ги
Бројот на баратели за осигурителни субвенции во земјоделието е многу мал, за 2009 година. За жал, морам да го кажам ова
покрива Агенцијата за финансиска подршка за земјоделство и рурален развој и тоа 60% од осигурувањето, а 40 % самиот земјоделец.“

Според Алии трите правни лица кои поднеле барање за осигурителни субвенции се за житни култури и за лозови и овошни насади, додека двајцата индивидуални земјоделци субвенциите ги бараат за житни и за градинарски култури.
Рокот за поднесување барања за осигурителни субвенции во оваа стопанка гранка завршил последниот ден од минатиот месец, а сега следува:

„Само да се проследат документите до Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој. Тие податоците ги добиваат од осигурителните комапнии, а потоа се врши проверка на терен и исплата на средствата.“

Иако годинава Владата преку Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и рурален развој двојно ги зголемила средствата за осигурениците, што значи тие плаќаа информирани 40, а Владата 60% заинтереираноста е невообичаено мала. Кои се причините самите земјоделци најдобро ги знаат. Дали се работи за недоверба или пак не биле доволно и точно, или пак сметаат дека им се непотребни, се само претпоставки.