Тројца водечки ирански опозиционери најавуваат дека ќе се придружат на пропалестинскиот масовен протест во петок во Техеран и покрај предупредувањата, маршот да не се претвори во протест против претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Учеството на протестот го најавија поранешниот реформистички претседател Мохамад Катами, поранешниот премиер Мир Хосеин Мусави, и реформистот Мехди Каруби. Мусави и Каруби му беа противкандидати на Ахмадинеџад на јунските избори, по кои следеа насилни протести.
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи предупреди, петочните протести да не се користат за ништо друго освен за покажување солидарност со Палестинците.
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи предупреди, петочните протести да не се користат за ништо друго освен за покажување солидарност со Палестинците.