И покрај тоа што физибилити студијата за изградба на регионална депонија во Пелагоноја беше изработена пред пет години, реализацијата сеуште не е започната. Решавањето на проблемот со цврстиот отпад е и едно од барањата на ЕУ.
Физибилити студија за регионална депонија во Пелагонискиот регион беше изработена уште пред пет години, но досега не се пристапи кон нејзина реализација иако решавањето на проблемот со цврстиот отпад е едно од барањата на Европската Унија. Неодамна десетина општини од овој регион меѓу кои Битола, Прилеп, Могила, Новаци, Крушево и други, одржаа средба на која се дискутираше за третманот и депонирањето на одпадот. Но, состанокот заврши без конкретни заклучоци за понатамошни активности.
„Ние практично на тој состанок немавме конкретни предлози. Ќе се собираат предлози и на следниот состанок ќе се разгледаат. Се разбира дека има повеќе варијанти и во зависност од тоа каква би била технологијата за преработка на одпадот и во зависност од тоа ќе се одреди и просторот. Веројатно на некои од општините им е тоа да биде на нивна терирорија, а некои тоа не го сакаат,“
изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Сите општини до сега сметот го депонираат на јавни депонии, а низ градовите и селата никнат уште многубројни диви збиралишта на ѓубре. Битола од одпадот се ослободува во депонијата Мегленци која е на територија на општина Новаци. Во неа дневно се собираат околу 100 тони ѓубре. Тоа се рамни со булдожер, а потоа се посипува со земја. Но ѓубрето се самозапалува заради биогасот што се ослободува од органските материи и храната.Од чадот што се создава најзагрозени се вработените во РЕК, рударите во Суводол и жителите на општина Новаци.
„Тоа не може за кратко време да се реши. Но, важно е дека тој процес е започнат и јас сум убеден дека со помош на Министерството за животна средина практично ќе се изработи еден предлог прокет кој практично ќе се понуди како решение пред граѓаните. Доколку се донеси таков заклучок сите општини и совети таквата предлог одлука ќе треба да ја прифатат. Доколку тоа се случи тогаш тргнуваме во следните фази за изградба на таква депонија,“
вели Талески.
Општина Новаци веќе размислува својата територија да ја понуди за изградба на регионалната депонија. Таа би се изградила по европски критериуми, а со тоа би се решил проблемот со сегашното ѓубриште во Мегленци кое ја загадува средината. Но, ќе мораат да се обезбедат многу средства кои засега општините ги немаат.
„Прво ќе ми се подобри инфраструкитурата, второ ќе вработам некој тука. Таа регионална депонија нема да биде отворена како сегашната во Мегленци. Сум бил во Швајцарија, а таму регионалната депонија им е како аптека.Тоа е финансија од Европската унија, од ИПА фондовите, многу скапа инвестиција од околу 15 милиони евра,“
вели градоначалникот на Новаци Лазар Котевски.
Регионалната депонија во иднина ќе треба да содржи и фабрика за рециклирање на одпад, а таа да биде во владение на приватен сектор или во сопственост на општините.
Ние практично на тој состанок немавме конкретни предлози. Ќе се собираат предлози и на следниот состанок ќе се разгледаат. Се разбира дека има повеќе варијанти и во зависност од тоа каква би била технологијата за преработка на одпадот и во зависност од тоа ќе се одреди и просторот. Веројатно на некои од општините им е тоа да биде на нивна терирорија, а некои тоа не го сакаат