"Ден на Ерусалим во Иран"

Али Хаменеи

Во Иран во петок, во организација на властите, ќе бидат организирани демонстрации за подршка на палестинците и за осуда на Израел. Истовремено, реформистичките активисти најавуваат демонстрации против претседателот Ахмадинеџат. Абас Џавади, помошник директор за програма во Радио Слободна Европа, во својот коментар, оценува дека и покрај неспорната подршка за палестинците, се повеќе иранци бараат од властите да се занимаваат со домашните проблеми и влошениот животен стандард.
Наредниот петок е Ден на Ерсалим во Иран. Ајатолахот Хаменеи, основачот на Исламската Република Иран, заедно со некои други исламски земји и организации, го прогласи последниот петок од месецот на Рамазан за Ден на Ерусалим за да ја демонстрира подршката за палестинците. Ништо битно нема да се случи тој ден, ниту на палестинските територии, ниту во Либан, ниту пак во Иран. Ќе има демонстрации во знак на подршка на палестинците и осуда на Израел, но тоа нема да привлече големо внимание. Но, во Иран тој ден има посебна важност. Реформистите, кои се сеуште активни и покрај бруталната репресија врз нив, најавуваат дека на тој ден ќе организираат демонстрации против претседателот Махмуд Ахмадинеџат, за кого тврдат дека нелегално доби втор мандат.
Iran -- poster from Internet: Friday, 18 September, the Day of Jerusalem. Neither Gaza, Nor Lebanon -- My Life Is Devoted to Iran
Слоганот Ниту Газа, ниту Либан, - Мојот живот му е посветен на Иран, моментално е многу популарен кај иранците. Прашање за кое наголемо се дискутира е – Зошто за Иран, израелско – палестинскиот конфликт е еден од главните надворешно – политички приоритети? Повеќето иранци сочувствуваат со палестинците кои живеат во кампови на окупираните територии, но зошто иранската влада дава секоја година милиони долари во кеш и во оружје за терористички и полу-терористички организации на палестински групи? Зошто Иран го подржува Хамас, но не и палестинските власти, кои се признати од арапските земји и од меѓународната заедница? Подржувачите на паролата – Ниту Газа, ниту Либан, мојот живот му е посветен на Иран, не се загрижени за Ерусалим и за израелско – палестинскиот конфликт. Тие се загрижени за растечката инфлација и невработеноста во Иран, кој е под меѓународно ембарго поради неговата нуклеарна програма, но и поради подршката на екстремистички групи. Обичните иранци се прашуваат зошто се трошат милиони долари за Хамас и Хезболах, а не за подобрување на нивниот животен стандард? Што и да се случи во наредниот петок, на Денот на Ерусалим, две работи се неспорни. Три месеци по контроверзните претседателски избори во Иран, реформистичкото движење е под притисок, но сеуште е активно. И второ, слоганот - Ниту Газа, ниту Либан, мојот живот му е посветен на Иран, пушта корени во иранското општество.Реформистичкиот претседателски кандидат Мир Хосеин Мусави неодамна изјави, секако дека ние ги подржуваме палестинците, но, пред се, самите имаме сериозни проблеми кои мораме да ги решаваме, го заклучува својот коментар Абас Џавади, помошник директор за програма во Радио Слободна Европа.