Убиен еден од главните милитанти на Ал Каеда во Сомалија

Американските воени сили извеле воздушен напад во Сомалија, во кој најверојатно бил убиен еден од главните милитанти на Ал Каеда, соопштија американски официјални извори. Американски хеликоптер доцна синоќа истрелал ракета врз возило во областа Барав, јужно од главниот град на Сомалија, Могадишу. Се верува дека во нападот загинал милитантот Салех Али Салех Набахан.