Флоренс Хартман е виновна

Хашкиот Трибунал денеска пресуди дека бившата портпарлка на главниот обвинител Флоренс Хартман е виновна, бидејки ја објави содржината на две доверливи одлуки од процесот против Слободан Милошевиќ. Хартман, француски новинар, е казнета со 7 илјади евра за објавување на информациите во нејзината книга ,,Мир и Казна“. Тие документи, според Хартман, овозможиле да се докаже вмешаноста на Србија со масакрот во Сребреница во кој беа убиени 8 илјади муслимани.