На Косово продолжуваат критиките на сметка на владата на премиерот Хашим Тачи по потпишувањето на спогодбата за полициска соработка меѓу ЕУЛЕКС и Белград. Се надведува дека со тоа е доведена под прашалник независноста на Косово и оти затоа денеска во Приштина се одржуваат протести.
Институците на Косово не го спречија потпишувањето на спогодбата меѓу ЕУЛЕКС и српското министерство за внатрешни работи, со што ја нарушија државноста на Косово, регаираат косовската опозиција и дел од невладниот сектор откако во минатиот петок шефот на политичкото одделение на ЕУЛЕКС Рајнер Кун го потпиша протоколот за техичка соработка со Белград.
Потпретседателот на опозиционата Алијанса за иднината на Косово Ахмет Исуфи смета дека по ова потпишување ќе дојде до извесни последици на Косово. Тој прецизира дека институциите покажале слабост, односно наместо да преземат иницијатива и сами да ги потпишуваат протоколите со другите земји му дозволиле на ЕУЛЕКС да ја игра улогата што некогаш ја имал УНМИК, што всушност претставува меѓународна администарција.
,,Ваквиот пропуст донесе штета во смисла на претставувањето на Косово и функционирањето на институциите, изјави Исуфи.
ЕУЛЕКС и Белград со протоколот се обврзуваат на јакнење на контролата на граничната линија кон Косово, а со тоа и на борбата против организираниот криминал. Официјална Приштина се уште на се огради од него, наведувајќи дека станува збор за технички аранжман на ЕУЛЕКС со српската полиција и оти тоа нема да влијае врз независноста на Косово.
,,Уште еднаш сакам да кажам дека институциите на Косово не се страна во техичкиот аранжман и оти владата на Косово ќе јапродолжи бескомпромисната борба против сите негатвини појави.,,
Изјави премиерот Хашим Тачи кој конкретно не наведе дали неговата влада е против него. Од друга страна опозицијата смета дека владата доживела неуспех со тоа што и овој пат наместо неа, за Косово решавале, како што велат, некои други. Во меѓувреме, косовските невладини организации, најавувајќи протести во Приштина против потпишувањето на протоколот сметаат дека суверенитетот на Косово бил нарушен.
,,Србија со посредство на ЕУЛЕКС ќе добие многу вредни полициски информации од Косово. Тоа ќе ја зајакне зависноста на Косово од Србија, а за Белград протоколот значи и отстранување на главната пречка за либерализација на визите, вели Аљбин Курти, лидер на движењето Самопределување.
Се уште не се познати деталите на кој начин ќе се спроведува договорот. Според портпаролот на ЕУЛЕКС Кристоф Ламфалуси, протоколот предвидува воспоставување контакти меѓу ЕУЛЕКС и Србија, како и размена на информации за прекуграничниот криминал. Инаку, покрај овој веќе е најавено дека наскоро ќе следи и потпишување на протоколи во областа на царината и на правосудството.
,,Рано е да се зборува за предлозите на кои се уште се работи. Се уште не сме во фаза кога можеме да ги потврдиме протоколите за соработка во областа на царината и правосудството.,,
Изјави Ламфалуси. Специјалниот претставник на Европската унија на Косово Питер Фејт и претставниците на пет западни земји во Приштина, Франција, Германија, Италија, Британија и Соединетите држави ја поддржаа спогодбата.
Потпретседателот на опозиционата Алијанса за иднината на Косово Ахмет Исуфи смета дека по ова потпишување ќе дојде до извесни последици на Косово. Тој прецизира дека институциите покажале слабост, односно наместо да преземат иницијатива и сами да ги потпишуваат протоколите со другите земји му дозволиле на ЕУЛЕКС да ја игра улогата што некогаш ја имал УНМИК, што всушност претставува меѓународна администарција.
,,Ваквиот пропуст донесе штета во смисла на претставувањето на Косово и функционирањето на институциите, изјави Исуфи.
ЕУЛЕКС и Белград со протоколот се обврзуваат на јакнење на контролата на граничната линија кон Косово, а со тоа и на борбата против организираниот криминал. Официјална Приштина се уште на се огради од него, наведувајќи дека станува збор за технички аранжман на ЕУЛЕКС со српската полиција и оти тоа нема да влијае врз независноста на Косово.
,,Уште еднаш сакам да кажам дека институциите на Косово не се страна во техичкиот аранжман и оти владата на Косово ќе ја
Србија со посредство на ЕУЛЕКС ќе добие многу вредни полициски информации од Косово, а за Белград протоколот ќе значи и отстранување на главната пречка за либерализација на визите,.