Претседателот Иванов во Германија

Претседателот на РМ Ѓорге Иванов од денеска до 17 септември ќе престојува во официјална посета на Германија, на покана од германскиот претседател Хорст Келер. Покрај со својот домаќин Келер, Иванов во Берлин ќе се сретне и со претставници на Парламентот и на Владата на Германија. Заедно со претседателот, во Берлин ќе престојува македонска стопанска делегација. Шефот на државата и бизнисмените ќе имаат средби со претставници на Стопанската комора на Германија, на Комисијата на германското стопанство за соработка со земјите од ЈИЕ и на Дојче банка. Посетата на Германија претседателот Ѓорге Иванов ќе ја заокружи со средба со македонски исленици во таа земја.