Американскиот претседател Барак Обама денеска на Вол Стрит официјално ќе го најави закрепнувањето на економијата од светската криза. Се очекува тој да ја одбрани и политиката на трошење на администрацијата и дека со стимулацијата на домашната економија се избегнала поголема криза. Тој ќе приуствува и на глобалната координација за тоа како да се спречи во иднина ваква криза.