Поплавите на Филипините однесоа 11 животи

Во поплавите и одроните на земјиште, што ги зафатија Филипините по силните монсунски дождови, загинаа 11 луѓе, а повеќе од 74 илјади луѓе се принудени да ги напуштат домовите, соопштуваат филипинските власти.
Властите наведуваат дека сместиле 4 илјади луѓе во државни центри, додека седумдесетина илјади се сместиле кај роднини.
Просечно, 20 тајфуни и бури годишно ги погодуваат Филипините.