Се уште нема изборен победник во Авганистан

Мисијата на Обединетите нации во Авганистан соопштува дека, се уште, нема победник на претседателските избори во таа земја. Државната изборна комисија денеска треба да ги соопшти конечните резултати. Според последните податоци, актуелниот претседател Хамид Карзаи освои 54 отсто од гласовите на избори за кои има многу обвинувања за нерегуларности.
Ако Комисијата за изборни жалби го поништи гласањето на доволен број места, Карзаи може да падне на под 50 отсто и ќе мора да се одржи втор круг на изборите.