Изборните органи во Авганистан денеска треба да ги соопштат комплетните резултати од претседателските избори што се одржаа на 20-ти август. Според прелиминарните резултати, актуелниот претседател Хамид Карзаи освоил над 50 насто од гласовите, но изборната комисија, поради неправилности, го поништи гласањето во 83 изборни места низ земјата, што можеби ќе доведе до одржување втор круг.