Медведев - Демократијата слаба, економијата неефективна

Рускиот Претседател Дмитриј Медведев во текст за интернет порталот Газета.ру, ја нарече руската демократија слаба, а економијата не ефективна. Во неговата визија за Русија во следните 10 години најголеми предизвици се модернизација на економијата, борбата против корупцијата и напуштање на државниот патернализам. Други предизвици според Медведев се негативниот демографски тренд и нестабилниот Кавказ.