Состанок на светските сили за Иран

Преставници на светските сили денеска во Вашингтон ќе дискутираат за иранскиот предлог за намалување на западната загриженост околу нуклеарната програма на Техеран. Америка, Русија, Кина, Британија, Франција и Германија треба да го разгледаат предлогот од 5 страници кој, според Белата Куќа не успеа да одговори на проблемот. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Иванов изјави дека сепак во предлогот има материјал за работа и ги отфрли нафтените санкции против Исламската република.