Во иранските постизборни немири загинале 36 луѓе

Командантот на иранската револуционерна гарда вели дека во постизборните немири во Иран загинале 36 луѓе. Тој вели дека тројца од загинатите починале во затворот Кахризак. Опозицијата тврди дека во протестите загинале 72 луѓе.