Венецуела ги призна Абхазија и Јужна Осетија

Претседателот на Венецуела Уго Чавез изјави денеска дека ќе ги признае грузиските отцепени региони Абхазија и Јужна Осетија како независни држави. Чавез, кој е во посета на Москва, на средбата со рускиот претседател Дмитриј Медведев истакнал дека одлуката на Венецуела важи од денеска.