Обама повика на реформа во здравството


Американскиот претседател Барак Обама оцени дека големите трошоци за здравствено осигурување се коренот на американскиот буџетски дефицит. Во говорот во Конгресот, повика на реформи во здравството во кои ќе биде вклучена можноста за здравствено осигурување и за оние што го немаат.