Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи изрази задоволство од нецелосните резултати од претседателските избори одржани на 20 август. Независната изборна комисија, вчера, соопшти дека Карзаи освоил 54 отсто од гласовите, додека неговиот главен противкандидат Абдула Абдула има 28. До сега се пребројани 90 отсто од гласачките ливчиња.
Сепак, Комисијата за изборни жалби, која е посебен орган, вели дека нашла уверливи докази за изборна измама.
На Карзаи му се потребни повеќе од 50 отсто од гласовите за да победи во првиот круг.
Сепак, Комисијата за изборни жалби, која е посебен орган, вели дека нашла уверливи докази за изборна измама.
На Карзаи му се потребни повеќе од 50 отсто од гласовите за да победи во првиот круг.