Ниту една фабрика во индустриската зона во Битола

Битола

Наместо фабрики, сончогледови полиња и бали со сено никнуваат во индустриската зона Жабени крај Битола. Поминаа три години од помпезно најавуваниот прокет на локалната самоуправа кој требаше да привлече странски инвестиции, но за ова време не се подигна ниту еден капацитет.
Наместо фабрики, сончогледови полиња и бали со сено никнуваат во индустриската зона Жабени крај Битола. Поминаа три години од помпезно најавуваниот прокет на локалната самоуправа кој требаше да привлече странски инвестиции и да донесе економска преродба за градот. Но, за ова време не се подигна ниту еден капацитет. За состојбите во зоната веќе подолго време се водат жестоки дискусии меѓу опозицијата и власта во Битола. Од ЛДП велат дека наместо стотиците најавени вработувања зоната остана само со еден вработен, а тоа е директорот кој ги исполнува условите за во пензија.

„Дали господинот Трајче Котевски има полни 64 години и дали ги исполнува условите за одење во пезнија? Ако е така тогаш не ја гледам причината поради која се уште седи во директоркста фотелја на јавното претпријатие индустриска зона Жабени. И за Вас ќе биде подобро доколку го разрешите и го пуштите во пезнија зашто ќе имате на кого да ја префрлите одговорноста за неуспешното раководење.“

му рече Валентин Груевски, претседателот на битолските Либерал демократи на градоначалникот Владимир Талески.
Од СДСМ обвинуваат дека се работи за неуспешен прокет кој служел само за ловење на гласови на последните три изборни циклуси. Доказ за тоа се тендерите за продажба на парцелите, за кои нема заинтересирани купувачи .
Летово имаше две јавни наддавања без славен резултат. Зошто се оди со јавни наддавања на земјиште на кое би се градело деловен простор, наместо за изворната намена на зоната, индустријата


„За објавите за електронските јавни наддавања на земјиште од индустриската зона Жабени. Летово имаше две јавни наддавања без славен резултат. Зошто се оди со јавни наддавања на земјиште на кое би се градело деловен простор, наместо за изворната намена на зоната, индустријата.“

прашува Златко Ќурчиев од СДСМ.
Градоначалникот Талески објаснува дека постапката за изградба на зоната се изддолжила заради технички проблеми. Прво вели дека парите за електрификација издвоени од државата залутале низ административните лавиринти, а на крај парцелите се продавале по повисока цена од реалната.

„Во првиот дел кога се дадоа 20 хектари на продажба, се дадоа како делови зашто остануваат и понатаму како такви. Меѓутоа, службата што го објави тендерот направи една техничка грашка. Го огалси земјиштето како да е во центраот на градаот, а не по реалната предвидена по законот.“

вели градоначалникот.
Тој директорот на зоната го зеде во своја одбрана:

„Се работи за динамичен директор. Во него има енергија минимум колку за десет души. И ако не беше господинот Трајан Котевски и овој процес ќе беше многу поназад. Јас ќе инсистирам да се продолжи неговиот рок зашто имаме неколку процеси започнати со него и сакам тој да ги дозаврши.“

вели Талески.