Власта тврди дека Македонија е во категоријата на ниско задолжени земји и успешно се справува со ефектите од светската економска криза. Опозицијата, од друга страна, тврди дека владините проценки се нереални.
Власта тврди дека Македонија е во категоријата на ниско задолжени земји и успешно се справува со ефектите од светската економска криза. Опозицијата, од друга страна, тврди дека владините проценки се нереални. Според министерот за финансии Зоран Ставревски, земјава успешно се справува со последиците од кризата а задолженоста не е висока.
„Македонија останува ниско задолжена земја. Нивото на јавниот долг изнесува 26% што по сите меѓународни стандарди спаѓа во земјите со ниска задолженост и таквиот факт ни овозможи во овие тешки времиња да можеме да позајмиме средства за финансирање на потребите.“
Последниото задолжување на Македонија беше со издавањето на еврообврзница со што Владата се задолжи со 175 милиони евра. Каматата по која се задолжи државава е речиси 9,8 проценти, а времето на достасување на еврообрзницата е за три и пол години, поточно во јануари 2013 година. Со пресметување на годишната каматна стапка, на износот на овој долг годишно ќе се додаваат околу од 17 милиони евра. По три години, државава ќе треба да исплати околу 220 милиони евра долг. Со издавањето на еврообврзницата, јавниот долг на Македонија, кој из¬не¬су¬ва 25,9 отсто во однос на Бруто-до¬маш¬ни¬от производ, ќе се зголеми за 2,9 процентни поени. Со парите од еврообврзницата, Владата планира да ги финансира тековните буџетски потреби. Министерот Ставревски изјави дека парите за сега не се користат. За опозициската СДСМ проблем е што не се знае за што точно ќе се користат парите од еврообврзницата. За Зоран Јовановски, тоа е недозволиво.
„Останува нејасно за која точно намена ќе се користат овие средства. За исплата на плати, пензии, развојни проекти.. Недозволиво е државата да се задолжи по толку висока цена, а да не се знае за што точно се задолжува.“
Покривањето на планираниот буџетски дефицит, како што се наведува во последниот ребаланс на народната каса, ќе се врши преку емисија на државни хартии од вредност, и со користење на развојни кредити од Светската Банка. Дополнително, задолженоста на земјава преку кредитни линии се проценува на 780 милиони денари. Под претпоставка дека и за овие кредити се пресметува каматна стапка од 10 проценти, Македонија годишно ќе треба да враќа дополнителни 78 милиони денари. Меѓународниот Монетарен Фонд и по последниот ребаланс на Буџетот не влегува во финансиските планови на власта. Експертите до сега неколкупати посочуваа дека ММФ има поповолна понуда за кредитирање од комерцијалните банки.

Македонија останува ниско задолжена земја

Недозволиво е државата да се задолжи по толку висока цена, а да не се знае за што точно се задолжува