Потребата за згрижување на малолетни деца, лица со пихофизички хендикеп и стари и изнемоштени лица во Куманово е голема, но заинтересираноста за помагање на овие лица е на ниско ниво, велат во Центарот за социјални работи.
Потребата за згрижување на малолетни деца, лица со пихофизички хендикеп и стари и изнемоштени лица во Куманово е голема. Заинтересираноста за помагање на овие лица е на ниско ниво, велат во Центарот за социјални работи. Во другите градови, како и во општините каде што економската состојба е полоша луѓето сакаат да им помогнат на беспомошните,со тоа помагајќи си и себеси.
Мирослава Илиевска долгогодишен социјален работник вели:
„За малолетните деца без родители поголема е заинтересираноста за згрижување.Ориентационо до сега згрижени се 10-ина малолетни деца.“
Кои се условите кои згрижувачкото семејство треба да ги исполнува?
„Психофизичкото здравје, способноста, делумната способност, да имаат просторни услови за престој на лицата, да не се казнувани, материјалната состојба да им е релативно добра.“
Објаснува Илиевска. Носителот на згрижувачкото право пак не може да биде постар од 45-години, а надоместокот за тоа зависи од категоријата на штитениците,вели социјалниот работник Сузана Трајковска:
„Зависно од категоријата на децата и сумата е од 4.000-до 7.000 денари по дете, а во едно семејство може да бидат згрижени до 3 деца. Така е и за старите лица.“
Згрижувачите не треба да имаат одредена квалификација, бидејќи:
„Тие добиваат соодветна помош во едукација.“
Вели Трајковска и додава дека за сместување чекаат уште пет деца, а со измена на Законот за социјални работи се очекува примена на засновање работен однос на лицата кои згрижуваат други лица. Меѓутоа, проблем за згрижување се лицата со хендикеп иако паричниот надоместок е повисок,вели Илиевска:
„Грижата е поголема, а паричниот надоместок е 7.000 денари,постои надоместок за нега на друго лице од 4.200 денари и остваруваат право на детски надоместок.“
Од лицата со одреден психофизички недостаток нивните најблиски не се откажуваат, но:
„Проблем е нивната материјална состојба и ослободување од секојдневинте обврски,вработување и непостоење доволен капацитет на дневни центри за нивното сместување.“
Вели Трајковска.