Нови меѓу-етнички тензии во западна Кина


Кинеската полиција денеска ги растера стотиците демонстранти во главниот град на западната провинција Ксинџјанг, кои бараа засилување на безбедносните мерки во провинцијата. Демонстрантите, главно Хан Кинези баар поголема заштита од властите, бидејки, како што тврдат, се цел на чести напади од страна на Ујгурите, кои се муслимани. Пред два месеца во оваа кинеска провинција, во меѓу-етничките судири, загинаа околу 200 лица.