Еврокомесарот Јан Фигел го продолжува престојот во Македонија

Еврокомесарот за образование, обука, култура и млади Јан Фигел ја продолжува посетата на Македонија. Тој денеска ќе има средба со премиерот Никола Груевски, а со министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска ќе го посети настанот „Слики во движење“.