Избирачкиот список ќе се пренесе од Министерството за правда во надлежност на Државната изборна комисија. Експертите го поздравуваат процесот и очекуваат подобрена евиденција на избирачите.
Избирачкиот список ќе се пренесе од Министерството за правда во надлежност на Државната изборна комисија. Тие веќе ги договорија деталите за преземањето на околу 75 лица од подрачните оделенија на Министерството, кои работат на евиденција на избирачкото право. Останува уште да го донесат акциониот план. Очекуваме да се подобри водењето на избирачкиот список и заедно со належните институции да се дојде до вистинката бројка на гласачи во Македонија вели потпаролот на ДИК Зоран Таневски.
„При водењето на избирачкиот список се очекува да бидат изградени или усвоени методи и методологии за целосно прочистување на избирачкиот список. Методологиите пак ќе бидат утврдени со пилот програма во две пилот општини.“
Во минатото имаше случаи на злоупотреба на избирачкиот список за остварување на целите на некоја партија. Не е најваважно кој раководи со списокот, тука начинот на кој надлежните институции ја вршат својата работа вели Дарко Алексов од невладината МОСТ.
„Мора тука да ги фокусираме нашите заложби и напори и активности за тој процес којшто тие го спроведуваат, во рамките на ажурирањето на избирачкиот список да функционира подобро, и во иднина да добиеме ситуација во којашто повеќе нема да ги слушаме партиите како се жалат на неквалитетен избирачки список, на можна злоупотреба на граѓани кои се односно не се во избирачкиот список.“
И поранешниот министер за правда Иџет Мемети вели дека досега се случило да се прекрши законот за избирачкиот список, но овиенерегуларности редно е да се изостават. Со оваа инцијатива ДИК треба да прерасне во институција, на која во иднина на изборите граѓаните ќе и веруваат вели тој.
„Добро е што преминува таму и полека создаваме независно тело кое навистина на подобар и поефикасен начин ќе се грижи за расчистување и ажурирање на избирачкиот список.“
Досега имаше замерки за избирачкиот список од ЕУ, бидејќи има отстапувања од реалната бројка на гласачи во земјава вели политикологот Владимир Божиновски. Префрлањето на надлежноста на ДИК, како независен орган е позитивно вели тој.
„На оние кои бо го ажурирале и контролирале да се даде вид независно одлучување за тоа како да се направат тие промени. Прашање е дали ДИК има капацитет за брзо ажурирање на избирачкиот список.“
Состанокот на кој треба да се донесе акциониот план ќе се одржи во среда.
При водењето на избирачкиот список се очекува да бидат изградени или усвоени методи и методологии за целосно прочистување на избирачкиот список. Методологиите пак ќе бидат утврдени со пилот програма во две пилот општини
„При водењето на избирачкиот список се очекува да бидат изградени или усвоени методи и методологии за целосно прочистување на избирачкиот список. Методологиите пак ќе бидат утврдени со пилот програма во две пилот општини.“
Во минатото имаше случаи на злоупотреба на избирачкиот список за остварување на целите на некоја партија. Не е најваважно кој раководи со списокот, тука начинот на кој надлежните институции ја вршат својата работа вели Дарко Алексов од невладината МОСТ.
„Мора тука да ги фокусираме нашите заложби и напори и активности за тој процес којшто тие го спроведуваат, во рамките на ажурирањето на избирачкиот список да функционира подобро, и во иднина да добиеме ситуација во којашто повеќе нема да ги слушаме партиите како се жалат на неквалитетен избирачки список, на можна злоупотреба на граѓани кои се односно не се во избирачкиот список.“
И поранешниот министер за правда Иџет Мемети вели дека досега се случило да се прекрши законот за избирачкиот список, но овие
Добро е што преминува таму и полека создаваме независно тело кое навистина на подобар и поефикасен начин ќе се грижи за расчистување и ажурирање на избирачкиот список.“