Многу е важно бргу да се надмине проблемот со името меѓу Македонија и Грција. Ова во ексклузивното интервју за Радио Слободна Европа го оцени премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, додавајќи дека тоа е посебно важно за стабилизирање на состојбата во регионот.
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во интервјуто што го водеше извршниот директор на Радио Слободна Европа Џон О Саливен се осврнува, меѓу другото, и врз состојбата во регионот со оглед на најновите растечки тензии.
,,Мислам дека и покрај големиот број на се уште отворени прашања, ситуацијата во регионот е подобра од кога било во изминатите неколку децении. Сите земји од регионот својата, се надевам блиска иднина ја гледаат во Европа и сите, освен Србија за сега, сигурен сум дека својата иднина ја гледаат во НАТО. Тоа секако не не ослободува од обврската, во рамките на Европа, да работиме на санација на постконфликтната ситуација во делови на регионот каде што проблемите се уште се евидентни.,,
Според премиерот Ѓукановиќ, едно од полесните отворени прашања што треба да бидат решени е спорот околу границата меѓуСловенија и Хрватска. ,,Многу е важно, Европа, на примерот на Хрватска, да покаже дека ја почитува напорната работа на хрватската владата за прилагодување на земјата кон европската заедница, бидејќи тоа ќе биде многу стимулативно за сите во регионот, вели Ѓукановиќ:
,,Второ, мислам дека е многу важно брзо да се надмине проблемот со името меѓу Грција и Македонија. Важно е Македонија што побргу да стане членка на НАТО. Тоа е значајно за неа, но, без подетална елаборација, тоа е многу значајно и за регионот во целина, односно за смирување на некои ретроградни идеи кои можеби се уште живеат во регионот.,,
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во интервјуто за Радио Слободна Европа оценува дека посебно е важно, како што вели, да се стави точка на прашањето на статусот на Косово.
,,Политички, точката е ставена, и имам на ум дека трае еден правен процес пред Меѓународниот суд, но имам впечаток дека овој процес ја продолжува илузијата кај различни адреси. Ќе биде важно да се стави точка на овој процес што ќе ни помогне на сите да сфатиме дека некои страници од нашата историја се финално испишани и да се свртиме кон оние што треба допрва да ги испишиме.,,
Како еден од најкрупните проблеми во регионот, црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ ја наведува состојбата во Босна и Херцеговина, односно тоа што таа земја, како што вели, е се уште далеку од својата фукционалност. Сепак, тој е оптимист, доколку се успее со зачувувањето на целовитост на Босна:
,,Во сите разговори со босанските официјални личности, моите сугестии се да го прифатат како неминовност опстанокот на целовитоста на Босна. Убеден сум дека тоа е во интерес на луѓето кои живеат таму, но и оти тоа е од стратегиски интерес и за Европа. Мој впечаток е дека во претходните години беше повеќе потрошено во дисциплинирање на Босна, отколку во нејзината подготовка да ја преземе одговорноста за својата европска иднина.,,
Изјави премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, во екслкузивното интервју за Радио Слободна Европа.
,,Мислам дека и покрај големиот број на се уште отворени прашања, ситуацијата во регионот е подобра од кога било во изминатите неколку децении. Сите земји од регионот својата, се надевам блиска иднина ја гледаат во Европа и сите, освен Србија за сега, сигурен сум дека својата иднина ја гледаат во НАТО. Тоа секако не не ослободува од обврската, во рамките на Европа, да работиме на санација на постконфликтната ситуација во делови на регионот каде што проблемите се уште се евидентни.,,
Според премиерот Ѓукановиќ, едно од полесните отворени прашања што треба да бидат решени е спорот околу границата меѓу
Важно е Македонија што побргу да стане членка на НАТО. Тоа е значајно за неа, но, без подетална елаборација, тоа е многу значајно и за регионот во целина, односно за смирување на некои ретроградни идеи кои можеби се уште живеат во регионот.