Иран не потклекнува на закани и притисоци

Иран соопшти дека нема да потклекне на закани и притисок за да го исполни рокот за одржување разговори за нејзината контроверзна нуклеарна програма. До изјавата на Техеран дојде ден откако светските сили го повикаа Иран да се сретне со нив пред седницата на Генералното собрание на Обединетите нации. Претставници на Русија, Кина, Соединетитите држави, Франција, Британија и Германија се состанаа по изјавата на иранскиот нуклеарен преговарач дека неговата земја е подготвена за нови разговори за нејзината нуклеарна програма.