Експлозии во Косовска Митровица

Во северниот дел на Косовска Митровица синоќа се слушнале две силни експлозии, јавуваат агенциите, додавајќи дека претходно таму дошло до каменување меѓу групи малолетни Срби и Албанци кои се разбегале откако дошла полицијата. Во инцидентот, како што соопшти Косовската полициска служба, немало повредени. Во текот на вчерашниот дел во Митровица имало сличен судир при што неколкумина биле полесно повредени.