Либискиот претседател Муамер Гадафи ја прославува 40 годишнината од Големиот Први септември, односно револуцијата со која дојде на власт. Прославите ќе траат цела недела и доѓаат во време кога Либија повторно се отвори кон Запад и кон меѓународните нафтени компании, кои помогнати од нивните влади, се тркаат да инвестираат во таа земја.
Арапскиот свет има видено многу млади луѓе кои јаваат кон власта со државни удари против нивните режими. Но, малкумина, како Муамер Гадафи, ја задржаа долго време потоа. Роберт Лоу, менаџер на програмата за Блискиот Исток и Северна Африка на Четемхаус од Лондон, вели дека Гадафи и денес силно, како некогаш, ја контролира земјата:
,,Иако некои негови ексцентричен навики, неговата облека, неговиот бедуински шатор, неговите телохранителки може да изгледаат малку шарено се чини дека тој е многу бистар политички оператор. За да извршиш државен удар на 27 години и потоа да формираш сосема нов систем и да го спроведуваш 40 години треба да си многу вешт.,,
Оттако ја презеде власта од стариот крал Идрис Први, во пуч без крвопролевање, тој не се ограничи само на една функција. Ја заменува воената униформа со стилски сафари костуми и очила за сонце, со цел да покаже дека може да биде плејбој од западен стил како и многу кралеви од тој регион пред него. Гадафи потоа ја објави Зелената книга за редефинирање на владеењето на Либија од република во нешто на што му е потребен нов збор за да може да се изрази: Џамахирија или владеење на масите. Централната теорија на Џамахиријата е префрлување на власта врз луѓето преку формирање граѓански самоуправни комитети.
,,Тоа е многу интересна теорија и Зелената книга на Гадафи е интересна и понекогаш е предизвик за читање. Нема сомневање дека Гадафи се гледа себеси како интелектуалец, како политички мислител. Се разбира, во практика, системот не беше толку ефективен, а луѓето во комитетите се централно контролирани од државата.,,
Вели Лоу. Но, на ова може да се гледа како на театрален чин, се додека не се земе предвид фактот дека Либија е богата со нафта. Гадафи ја национализира нафтената индустрија, чекор со кој, како и во другите арапски држави, на меѓународните компании им беше одземена контролата врз нафтените извори. Тој отиде еден чекор понатаму. Ја направи Либија во засолниште на секоја револуционерна група која се бори против империјализмот. Триполи беше обвинет за вмешаност во многубројни терористички напади по што тогашниот американски претседател Роналд Реган го нарече за лудо куче од Блискиот Исток и во 1986 година нареди бомбардирање на Либија. Кога изгледаше дека Либија, која веќе беше под меѓународни санкции, економски пропаѓа, Гадафи направи нова промена на курсот. Во 2003 година се откажа од нуклеарната програма, дозволувајќи им влез на меѓународните инспектори. Либија во моментов се движи во сосема нова насока, со обновени инвестиции од Запад и со повторно воспоставување на дипломатските односи со Соединетите држави. А тоа може да му даде поттик на Гадафи дека сега треба да остане на власт и натаму.
,,Иако некои негови ексцентричен навики, неговата облека, неговиот бедуински шатор, неговите телохранителки може да изгледаат малку шарено се чини дека тој е многу бистар политички оператор. За да извршиш државен удар на 27 години и потоа да формираш сосема нов систем и да го спроведуваш 40 години треба да си многу вешт.,,
Оттако ја презеде власта од стариот крал Идрис Први, во пуч без крвопролевање, тој не се ограничи само на една функција. Ја заменува воената униформа со стилски сафари костуми и очила за сонце, со цел да покаже дека може да биде плејбој од западен стил како и многу кралеви од тој регион пред него. Гадафи потоа ја објави Зелената книга за редефинирање на владеењето на Либија од република во нешто на што му е потребен нов збор за да може да се изрази: Џамахирија или владеење на масите. Централната теорија на Џамахиријата е префрлување на власта врз луѓето преку формирање граѓански самоуправни комитети.
,,Тоа е многу интересна теорија и Зелената книга на Гадафи е интересна и понекогаш е предизвик за читање. Нема сомневањ
Иако некои негови ексцентричен навики, неговата облека, неговиот бедуински шатор, неговите телохранителки може да изгледаат шарено тој е многу бистар политички оператор.