Денеска во Париз ќе биде одржана средба на претставници на 27 земји и меѓународни организации кои имаат свои мисии во Авганистан. Целта на овој собир, на кој меѓу другите ќе учествуваат и специјалниот претставник на САД Ричард Холбрук и пратеникот на генералниот секретар на ОН Каи Еиде, е изготвување стратегија по претседателските избори во земјата.