Прогноза за времето денеска- сончево и топло

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура се движи од 10 до 19, а дневната ќе биде од 26 до 33 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 31 степен.