Штрајк во кумановската фирма ,,Светлина 2001“

Куманово

Петнаесетмината работници во погонот на кумановската фирма „Светлина 2001“ во рамките на ЕЛЕМ со повеќедневен штрајк од надлежните бараат да се реши нивниот долгогодишен проблем, кој настанал како последица на поделба на фирмата, помеѓу ЕЛЕМ и ЕВН.
Петнаесетмината работници во погонот на кумановската фирма „Светлина 2001“ во рамките на ЕЛЕМ со повеќедневен штрајк од надлежните бараат да се реши нивниот долгогодишен проблем, кој настанал како последица на поделба на фирмата, помеѓу ЕЛЕМ и ЕВН. Тие објаснуваат дека се поранешни повратници од странство кои пред 25 години работните места ги купиле со по тогашни 14 илјади германски марки или сегашни седум илјади евра. Во погонот произведувале суви транформатори, апарати за заварување, канделабри и други видови производи наменети за потребите на ЕВН, но и на други фирми. Меѓутоа, речиси пет години тие редовно доаѓаат на работа, осумчасовното работно време им минува во седење, оти како што велат работодавецот не им обезбедува работа, поради што не добиваат ниту плата. Стуткани во погонот покрај машините кои одамна не се вклучени работниците ги раскажуваат нивните маки:
Бараме од Надзорниот одбор да ни овозможи да работиме и да си ги заработуваме парите. Ние не можеме да бараме пари ако не сме работеле. Седиме и не работиме,а не земаме ниту пари


„Бараме од Надзорниот одбор да ни овозможи да работиме и да си ги заработуваме парите. Ние не можеме да бараме пари ако не сме работеле. Седиме и не работиме,а не земаме ниту пари. “

„Работодавецот треба да ни најдеработа. Ние сме осум часа на работното место.“

Работниците велат дека им е подобро да работат отколку да го отседат работното време во безделничење. Тие додаваат:

„Има потреба од нашето производство затоа што приватниците работат, а ЕВН кој не подели од нив зема,а не од нас.“

„Постои можност и ветување дека ќе не префрлат на работа во Скопје, но ништо од тоа.“

„Сакаме да ни се каже вистината каква и да е. Ова веќе е неиздржливо, се разболевме чекајќи. За 15 работници во ЕЛЕМ може да се најде решение, бидејќи ЕЛЕМ има 4.500 вработени.“

Работниците летото го минале во исчекување,а есента пак им носи нови финансиски проблеми и во досегашната беспарица. Започнува учебната и академската година,обезбедување за зимата, а жиро сметката на фирмата е блокирана, не им се исплатени давачките кон ПИОМ, а на секој вработен фирмата му должи по околу 5 илјади евра по основ на неисплатени плати. Нивниот статус е нерешен. Ниту се вработени, ниту пак невработени. Тие очекуваат од надлежните да преземат нешто и да им ја прекинат неизвесноста.