Астронаутите на спејс шатлот „Дискавери“ денеска ќе ја имаат првата прошетка во вселената. Тие треба да го заменат резервоарот со амонијак на Меѓународната вселенска станица и да земат неколку делови кои ќе ги вратат на Земјата за анализа. „Дискавери“ пристигна на вселенската станица во неделата на 13- дневна мисија за замена на опрема.