Во Прилеп повторно се обновени германските воени гробишта, со години заборавени. Објектот е обновен изминативе две години со заложба на германската влада и германскиот народен сојуз за згрижување на воени гробишта.
Шеесет и шест годишната германка, Илзе Шулер во рацете ја држи грижливо, со особено внимание фотографијата од својот татко одејќи од една до друга плоча на германските воени гробишта во Прилеп во обид да го најде неговото име, Лудвиг Рајхенбах, кој пред 65 години загинал на враќање од Солунскиот фронт. Не криејќи ги солзите кои се израз на преголема тага поради неговата прерана смрт, таа вели:
„Ова ми значи многу, бидејќи досега не знаевме ништо. Пред 25 години бевме тука, не најдовме никаков споменик. Ова многу ми значи, зашто мојот татко тука загинал кога поминувал од Грција кон Македонија. Јас не го познавам мојот татко. Родена сум 1943, а тој загинал година подоцна.“
Со своите спомени за саканите се соочија на нивното вечно почивалиште и многу други германци, кои допатуваа специјално за свеченоста што по повод отворањето на воените гробишта се одржа во Прилеп. За министерот за одбрана, Зоран Коњановски овој чин на на присет треба да не води кон иднината:
„Со ова сакаме да покажеме дека знаеме да бидеме, да почитуваме и сакаме да бидеме почитувани.Треба да се свртиме кон минатото, за да ги научиме пораките кон иднината. Некогашните лути непријатели како што се Германија и Франција денес се основоположители на Европската Унија, тоа треба да биде добар пример за сите земји,да знаеме да ги препознаваме различностите, меѓутоа и да знаеме даградиме.“
Повторното отворање на германските воени гробишта е чин на македонско-германско пријателство, па германскиот заменик министер за одбрана Кристијан Шмит порачува:
„Ние тука стоиме над гробовите на многу паднати војници кои треба да ги почитуваме. Токму ова стоење над тие гробови треба да значи едно помирување помеѓу сите народи и народности.“
Во ова светилиште се погребани над 1800 војници од 8 нации, меѓу нив најбројни, 1683 се германски, а 60 се бугарски војници. На ова место почива и Хајнрих Еберт, синот на поранешниот германски претседател Фридрих Еберт. Германските гробишта со години беа заборавени, оставени на забот на времето. Но, овој обејкт со заложбите на германската влада и германскиот народен сојуз за згрижување на воени гробишта е целосно обновен последниве две години. Акцијата за нивно уредување е само уште еден симбол на стабилното македонско-германско пријателство и успешна билатерална соработка особено сега кога Македонија цврсто чекори на патот кон европското семејство.
Ова многу ми значи, зашто мојот татко тука загинал кога поминувал од Грција кон Македонија
„Ова ми значи многу, бидејќи досега не знаевме ништо. Пред 25 години бевме тука, не најдовме никаков споменик. Ова многу ми значи, зашто мојот татко тука загинал кога поминувал од Грција кон Македонија. Јас не го познавам мојот татко. Родена сум 1943, а тој загинал година подоцна.“
Со своите спомени за саканите се соочија на нивното вечно почивалиште и многу други германци, кои допатуваа специјално за свеченоста што по повод отворањето на воените гробишта се одржа во Прилеп. За министерот за одбрана, Зоран Коњановски овој чин на на присет треба да не води кон иднината:
„Со ова сакаме да покажеме дека знаеме да бидеме, да почитуваме и сакаме да бидеме почитувани.Треба да се свртиме кон минатото, за да ги научиме пораките кон иднината. Некогашните лути непријатели како што се Германија и Франција денес се основоположители на Европската Унија, тоа треба да биде добар пример за сите земји,да знаеме да ги препознаваме различностите, меѓутоа и да знаеме да
Ние тука стоиме над гробовите на многу паднати војници кои треба да ги почитуваме. Токму ова стоење над тие гробови треба да значи едно помирување помеѓу сите народи и народности