Заврши семинарот за Македонски јазик, литература и култура

Охрид

90 Македонисти, слависти и почитувачи на Македонскиот јазик, кои учествуваа на 42-то издание на Меѓународниот семинар за Македонски јазик, литература и култура, изминативе три недели во Охрид го изучуваа Македонскиот јазик.
90 Македонисти,слависти и почитувачи на Македонскиот јазик, кои учествуваа на 42-то издание на Меѓународниот семинар за Македонски јазик,литература и култура со Македонските филолози , изминативе три недели во Охрид го изучуваа Македонскиот јазик и култура на изворот на јазикот, во матичната земја со родените говорители.Со вежбите,курсеви и работилниците за јазикот, граматиката,литературата,36-тата научна конференција и друго, оваа летна школа дава голем придонес во негувањето и препознатливоста на Македонскиот идентитет во светот преку јазикот,како едно од неговите најбитни обележја. Со тоа, според лингвистите се пополнува празнината од слабата грижа на државата за Македонските лекторати во светот, каде на 30 славистички катедри се изучува Македонскиот јазик, но и покрај големиот интерес има само 12 лектори од Македонија.

„За лекторатите морам да кажам стоиме во мртва точка. Се трудиме на некој начин да издејствуваме финансии за тоа што е од корист за цела Македонија, не само за Македонскиот јазик, зошто преку јазикот се препознава и идентитетот. Лекторатите во странство не се само од интерес за филолозите или за Македонскиот јазик и литература,туку тоа е не национален, туку и државен интерес. Затоа сметам, дека особено во овие мигови кога ни се скапоцени сите странски пријатели треба да вложиме многу повеќе во лекторатите во странствo.“

Вели Емилија Црвенковска, директор на семинарот, на кој меѓу другото се расправаше и за првата Македонска граматика од Круме Кепески, основоположникот на правилата за Македонскиот литературен јазик пред повеќе 60 години.

„Тој велеше дека и треба да се зборува,тоа е содржина, и треба да мислите што зборувате, владејте се по правилата што ги има во учебникот, ама и практикувајте. Тој таа практика ја доживеа, дека голем степен на усовршеност на литературно-јазичната норма, благодарение на правилата кои стоеа во таа прва граматика успеаа, значи издржаа.“

Вели Стојка Бојковска, професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Меѓу семинаристите годинава беше Јана Георге од Германија.

„Јас сум од Германија, прв пат сум на семинарот во Охрид и многу ми се допаѓа тука. Минатата година прв пат дојдов во Македонија, и се запознав со луѓе кои беа многу љубезни и мили, така што решив да го учам Македонскиот јазик. Во Јена, на мојот универзитет во Германија за жал нема Македонски, така што морам да го учам јазикот преку интернет и со другари.“

Вели Георге, учесник на Семинарот за Македонски јазик, што заедно со другите Македонисти од странство се наши најдобри амбасадори што ја афирмираат Македонија во светот.