На 60 годишнината од своето постоење, НАТО институционализира неколку монументални трансформации во светот, оценува Збигњев Бжежински, поранешен американски советник за национална безбедност во анализата во која наведува: Сепак, овие успеси, го отвораат прашањето: што е следно?
Трите трансформации во светот се: крајот на со векови долгите граѓански војни во Западниот свет, потоа американската посветеност да ја брани Европа од советската доминација и трето, мирното завршување на Студената војна со што се создадоа предуслови за поголема демократска Европска унија. Ова го оценува Збигњев Бжежински, поранешен американски советник за национална безбедност, додавајќи: НАТО сега се конфронтира со историски ризици без преседан за светската безбедност. Парадоксот на нашето време е дека економски се поповрзаниот свет се соочува со интензивирање на народните немири. Од друга страна се уштенема ефикасен глобален безбедносен механизам за справување со растечката закана на хаосот што потекнува од најновото политичко будење на човештвото, пишува Збигњев Бжежински, додавајќи: Дополнително усложувачки е тоа што дарматичниот напредок на Кина и Индија и брзото заздравување на Јапонија во изминативе 50 години сигнализираа дека глобалниот центар на политичката и економската граватицаија се поместува од Севреноатлантскиот кон Пацифичкиот регион. Ова ширење на светската моќ и масовните немири прават запалива смеса.
Во едни вакви услови, прва намера на НАТО членките е заеднички да дефинираат и спроведат политички прифатлив воен ангажман во Авганистан. Ваквото решение на првата НАТО кампања надвор од неговиот регион е неопходно ако таа сака да го задржи својот кредибилитет. Но, проблеми има со фактот што Членот 5 од НАТО Повелбата и дава право на секоја членка да придонесува кон некоја операција онолку колку што самата ќе заклучи. Згора на тоа, НАТО поврзаноста на донесување одлуки со консензус им овозможува на една или две членки да стават вето на секој одговор. Тоа е проблем што станува се поакутен со проширувањето на Алијансата на 28 членки. Поради тоа некои мислат дека би требало да се формулира пооперационална дефиниција на консензусот кога за него постои согласност од мнозинството, а не од секој.
Алијансата треба долгорочно да ги дефинира и своите стратегиско геополитички цели спрема Русија. Таа не е непријател, но се уште со непријателство гледа на НАТО. За таа цел НАТО треба да ја консолидира безбедноста во Европа и да ја привлече Русија поблиску до евроатлантската заедница, со што ќе ја ангажира во пошироката мрежа на глобалната безбедност. Подобрите односи меѓу НАТО и Русија можат да ја олеснат соработката и во пристапот спрема азиските сили. Но за да остане релевантен, НАТО не ќе може, како што некои бараат, едноставно да се шири во глобален сојуз или да се транформира во глобална алијанса на демократии. Глобалниот НАТО ќе ја разблажи централноста на американско европската врска. Згора на се идеолошки дефинирана глобална алијанса на демократии ќе се соочи со сериозни тешкотии во детерминирањето на разумна рамнотежа меѓу стратегиските и доктриналните цели, заклучува Збигњев Бжежински во анализата за иднината на НАТО што треба да биде објавена наскоро.
НАТО поврзаноста на донесување одлуки со консензус им овозможува на една или две членки да стават вето на секој одговор. Тоа е проблем што станува се поакутен со проширувањето на Алијансата на 28 членки. Поради тоа некои мислат дека би требало да се формулира пооперационална дефиниција на консензусот ...