Се губи довербата во полицијата?

Полицајци

Во последната акција се уапсени 20-тина полицајци кои работеле на граничниот премин Табановце за примање поткуп и злосторничко здружување. Ваквите и некои други скандали обелоденети изминатиов период, придонесуваат граѓаните, како што велат, полека да ја губат довербата во полицијата.
Прилепски полицаец е обвинет за силување на 15 годишно девојче. Тетовски началник го обвинуваат за киднапирање. 20-тина полицајци се осомничени за примање поткуп и злосторничко здружување. Неколку месеци биле следени, снимани, фотографирани на граничниот премин Табановце. Секторот за внатрешна контрола годинава поднесел неколку кривични пријави против полициски службеници и инспектори за злоупотреба на службена должност. Граѓаните се жалат дека немаат доволно доверба во полицијата и
Немам доверба во полицијата. Затоа што знам многу примери кога полицајци се вмешани во криминал
нејзината работа.

„Немам доверба во полицијата. Затоа што знам многу примери кога полицајци се вмешани во криминал.„

„Во некои имам доверба, во некој не. Во зграда имам полицаец кој не се однесува баш примерно.“

„Ако се за мито и корупција, еве има коцкарници и нека се занимаваат со тоа, а не да го ограбуваат народот.“

Експертите проблемот за криминалното однесување на дел од полицајците го лоцираат во недоволното образование на полициските службеници и политизација на кадарот.

„Секогаш партиите на власт неедуцирани луѓе примаа во полицијата, со курсеви и ги поставуваа на многу важни функции на кои луѓето неможеа да одговорат, освен на партиските потреби. И тука се јави главниот проблем, во неквалитетот и граѓаните самите не се
Секогаш партиите на власт неедуцирани луѓе примаа во полицијата, со курсеви и ги поставуваа на многу важни функции на кои луѓето неможеа да одговорат, освен на партиските потреби. И тука се јави главниот проблем, во неквалитетот и граѓаните самите не се задоволни од услугите кои што ги добиваат од полицијата
задоволни од услугите кои што ги добиваат од јавниот сектор, од полицијата.“

Вели професорот Владимир Пивоваров
Високи етички и морални кавлитети , завршено средно полициско образование или завршен курс за полиција, проверки за психофизички способности и неосиудуваност се се основни македонски стандари за вработување на полицајци. Правилниците за вработувањње на инспектори порано предвидувале завршен факултет за безбедност, но делот во кој се бара и друг факултет остава можност за манипулација, вели професорот Душко Стојановски.

„Ќе најдете вие полицајци посебно во инспекторскиот кадар, со фискултурна, педагошка школа, со земјоделски факултет кои обавуваат работи од областа на безбедноста и криминалистиката. Колкава е нивната стручност во таква ситуација, тоа е проценка на самите органи што ги вработуваат.“

Професорот Стојановски вели дека не треба да се воопштува состојбата со полицискиот кадар.

„Има таму и прекрасни луѓе кои што добро си ја вршат работата, има луѓе кои се квалитетни, но разрешени, има луѓе кои што носат на позиција само затоа што се политички подобни, а не ја познаваат работата.“

Во најголемиот дел на европските држави полицискиот кадар се регрутира само од полициските академии и од тука започнува професионализацијата на тие луѓе. Кај нас полицајци се примат со завршено било кое средно образование и посетуваат курс од неколку месеци, па затоа им недостига професионализам вели проф. Пивоваров.