Шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен со денешните разговори во Атина со премиерот Костас Караманлис заминува за Анкара на средби со турскиот државен врв. Тоа е прва негова посета на Турција откако дојде на чело на Алијансата и покрај турските забелешки.
Андерс Фог Расмусен, поранешниот дански премиер кој во почетокот на месецот стана генерален секретар на НАТО треба да се сретне со претседателот на Турција Абдула Ѓул и да учествува на заедничката вечера, односно на редовната дневна пауза од Рамазанските пости со премиерот Реџеп Таип Ердоган. Расмусен ќе биде гостин на вечерата што ја организира анкарскиот огранок на Партијата на правдата и развојот и на неа се очекува да испрати помирлива порака до исламските земји. Со оваа посета тој го исполнува ветувањето што го даде кога ја презеде функцијата шеф на НАТО дека сака да ја посети Турција и оти е за подобро разбирање со муслиманскиот свет. Турското раководство се противеше на наименувањето на Расмусен, главно поради неговата одбрана на одлуката на еден дански весник да објави карикатури на Пророкот Мухамед во две илјади и петтата година што предизвика бес кај муслиманите. Исто така тој како дански премиер одби да се произнесе против Данската телевизија која ги поддржа курдските бунтовници во Турција со што дополнително ја изнервира Анкара. Во интервју за турскиот весник Милиет, пред посетата на Анкара, Расмусен бара од Турција да го прошири мандатот на нејзините војници во Авганистан.
,,Нашиот мандат од Обединетите нации е јасен и важен за глобалната безбедност, односно да се спречи Авганистан повторно да стане главна станица на меѓународниот тероризам. Силен е и моралниот аргумент. Секој кој верува во основните човекови права, вклучувајќи го и правото на жените, би требало да ја поддржи оваа мисија.,,
Изјави Расмусен, преземајќи ја функцијата генерален секретар на НАТО. Во интервјуто за Милиет тој всушност сугерира испраќање дополнителни турски борбени сили во таа земја. Тоа особено, ако се има превид дека Турција треба да ја преземе ротирачката команда на Меѓународните сили во Авганистан. Турција сега во мисијата на НАТО има седумстотини војници, но нивниот мандат е ограничен само на подрачјето на главниот град Кабул.
,,Научивме некои лекции и врз основа на тоа, решивме да се зголеми бројот на војнците. Во наредните месеци и години меѓународната заедница ќе обезбеди повеќе средства и за развојот на цивилниот сектор во Авганистан.,,
Расмусен исто така побара од Турција и од нејзиниот традиционален ривал Грција да соработуваат подобро, оценувајќи дека билатералните проблеми негативно се одразуваат врз напорите на Алијансата во Авганистан. Имено, како што се наведува, ваквите спорови само оневозможуваат да се дојде до согласност за поддршка на полициската мисија на Европскта унија во Авганистан. Турција и Грција веќе неколку децении се во кавга околу Кипар, која исто така е членка на Европската унија.
Расмусен ќе биде гостин на вечерата што ја организира анкарскиот огранок на Партијата на правдата и развојот и на неа се очекува да испрати помирлива порака до исламските земји...