Саркози предлага нови санкции против Иран

Францускиот претседател Никола Саркози го искритикува иранското раководство, поради неговиот однос спрема демонстрациите во Техеран и предложи воведување на нови санкции, доколку иранските власти продолжат со нуклеарните активности. Саркози изјави дека не им верува на водачите на оваа земја дека нивната нуклеарна програма е насочена за цивилни цели, ниту дека претседателските избори биле фер. Властите во Техеран се бранат дека нуклеарната програма е за добивање енергија.