Фудбалските клубови во Македонија се пред финансиски колапс и со слаб квалитет, оцрнети од УЕФА, а во и онака лошата ситуација дополнителен проблем претставува и неодамнешниот инцидент меѓу Комитите и населението од Нерези. Сето ова бара коренити промени за враќање на состојбата во нормала?
Македонскиот клупски фудбал е во агонија. Клубовите се пред финансиски колапс и со слаб квалитет, што резултираше со експресна елиминација од европските купови. Но, многу попоразително е тоа што сме оцрнети од УЕФА, која покрај осумгодишната суспензија за Победа, пред две недели обелодени дека во тек е истрага за лажирани средби и против Вардар, Работнички и Милано. Како капак на се, дојде инцидентот меѓу навивачката група Комити и населението во Нерези, по што МВР од безбедносни причини побара да се одложат два меча од четвртото коло во првенството, кое од недела на недела се повеќе ја губи регуларноста. Од лошо - полошо. А, подобро не ни може да биде кога, фудбалот, години наназад е заложник на разните неспортски интереси. Покрај тоа, според поранешниот директор на Вардар и Работнички, а сегашен прв човек на Цементарница - Драган Томовски:
„Ние живееме и во време и на место каде што се преферира брза заработка и едни такви критериуми создаваат меѓу луѓето кои што се во спортот, ситуација да во тоа брзање за создавање профит, изгубени се сите критериуми.“
Изјави Томовски.
Сето ова бара коренити промени за враќање на состојбата во нормала. А, за остварување на таа цел, се наметнува мислење дека треба да се прогласи мораториум, т.е. прекин на првенството, повлекување од меѓународните клупски натпреварувања и почеток од нула. Радикален чекор кој, колку и да е непопуларен, е подобар од она што ни се случува во моментов, смета поранешниот фудбалски ас, Васил Рингов.
„Вака не оди. Од таванот нешто чистиме, правиме, но темели треба да се удрат. Каква лига сакаме? Колку екипи ќе се? И да се почне, бидејќи имаме навистина многу талентирани фудбалери. Политиката во федерацијата е погрешена, меѓутоа човечки е да се признае, да се каже, погрешивме, незнаевме и да се почне од нула и многу брзо ќе си дојдеме на тоа место што го заслужуваме.“
Рече Рингов.
Со него делумно се согласува и Томовски, кој е убеден дека мак - фудбалот има иднина и без враќање на почеток. Но, под услов државата многу повеќе да се заинтересира за него. Прво со законско разрешување на прашањето за инвестирање во спортот, а потоа:
„Да се заострат мерките на санкции за оние кои што во фудбалот и во спортот гледаат простор за нелегална заработка. Тоа значи треба малку да навлезат надлежните органи во Федерациите и клубовите и да видат кој, што и со какви мотиви работи.“
Заклучи Томовски.
Политиката во федерацијата е погрешена, меѓутоа човечки е да се признае, да се каже, погрешивме, незнаевме и да се почне од нула и многу брзо ќе си дојдеме на тоа место што го заслужуваме
„Ние живееме и во време и на место каде што се преферира брза заработка и едни такви критериуми создаваат меѓу луѓето кои што се во спортот, ситуација да во тоа брзање за создавање профит, изгубени се сите критериуми.“
Изјави Томовски.
Сето ова бара коренити промени за враќање на состојбата во нормала. А, за остварување на таа цел, се наметнува мислење дека треба да се прогласи мораториум, т.е. прекин на првенството, повлекување од меѓународните клупски натпреварувања и почеток од нула. Радикален чекор кој, колку и да е непопуларен, е подобар од она што ни се случува во моментов, смета поранешниот фудбалски ас, Васил Рингов.
„Вака не оди. Од таванот нешто чистиме, правиме, но темели треба да се удрат. Каква лига сакаме? Колку екипи ќе се? И да се почне, бидејќи имаме навистина многу талентирани фудбалери. Политиката во федерацијата е погрешена, меѓутоа човечки е да се признае, да се каже, погрешивме, незнаевме и да се почне од нула и многу брзо ќе си дојдеме на тоа место што го заслужуваме.“
Да се заострат мерките на санкции за оние кои што во фудбалот и во спортот гледаат простор за нелегална заработка