Продолжува расправата за Законот за државни службеници

Собранието на Република Македонија денеска ја продолжува 70-та седница со расправата за Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за државни службеници, во прво читање. Во вчерашната работа пратениците од парламентарното мнозинство сметаа дека текстот на законот нуди добри решенија во насока на департизација и деполитизација на државната администрација. Опозицијата пак со став дека тој содржи пропусти кои можат да се надминат ако се прифатат нивните забелешки.