Младите кумановци се помалку се заинтересирани за изучување на занаетчиските струки. Фактот дека младите кумановци не се заинтересирани за занаетчиството е резултат на економскиот колапс, а со уништувањето на индустријата по завршувањето на овој вид образовен профил тие немаат каде да бараат работа.
Со 15 пријавени идни средношколци за конфекциски техничар и со 22 за техничар за обувки во претстојната учебна година во Средното општинско училиште „Перо Наков“ во Куманово ќе останат празни учебни простории за занаетчиските струки, велат во училиштето.
„Во овој августовски рок бројот на учениците е помал во однос на јунскиот. Во СОУ „Перо Наков“ ќе се формираат ситепаралелки,освен оние за третиот образовен степен,бидејќи нема пријавено кандидати ниту за текстилната,ниту за кожарската струка.“
Вели Марјан Алексиќ заменик на директорот во ова училиште.
Тој објаснува дека:
„Во економско- правната и трговската струка се пријавиле 90-ина ученици за во три паралелки, за економски техничар и техничар за трговија и маркетинг две паралелки од по 30-ина ученици и за деловен секретар 32 ученици.“
Меѓутоа:
„Што се однесува до струката конфекцики техничар се пријавиле само 15 ученици, а за техничар за обувки само 22 ученици.“
Вели Алексиќ.
Од ова средно училиште во минатото со генерации излегуваа илјадници занаетчиски кадри кои потоа се вработуваа во фабриките.Фактот дека младите кумановци не се заинтересирани за занаетчиството е резултат на економскиот колапс, а со уништувањето на индустријата по завршувањето на овој вид образовен профил тие немаат каде да бараат работа. Особено што дел од идните средношколци потекнуваат од семејства чии најблиски се невработени токму проади затворените фабрики. Под претпоставка и дека младите ќе можат да се вработат во ситните и мали производствени претпријатија тие и нивните родители преферираат да завршат четиригодишно средно училиште,а потоа преку неколкумесечни обуки колку-толку да ги научат занаетите. Овие млади луѓе се сведоци на состојбата кога во малите фабрички хали последниве години се вработени работници и со завршено високо образование.Со тоа сметаат дека и со ден повеќе образование постои поголема можност за побрзо напредување на работното место.
Со овој социјално-социолошки феномен во Куманово никој не се занимава,или барем за сега никој не ги објавува резултатите од истражувањето.
„Во овој августовски рок бројот на учениците е помал во однос на јунскиот. Во СОУ „Перо Наков“ ќе се формираат сите
Што се однесува до струката конфекцики техничар се пријавиле само 15 ученици, а за техничар за обувки само 22 ученици
Вели Марјан Алексиќ заменик на директорот во ова училиште.
Тој објаснува дека:
„Во економско- правната и трговската струка се пријавиле 90-ина ученици за во три паралелки, за економски техничар и техничар за трговија и маркетинг две паралелки од по 30-ина ученици и за деловен секретар 32 ученици.“
Меѓутоа:
„Што се однесува до струката конфекцики техничар се пријавиле само 15 ученици, а за техничар за обувки само 22 ученици.“
Вели Алексиќ.
Од ова средно училиште во минатото со генерации излегуваа илјадници занаетчиски кадри кои потоа се вработуваа во фабриките.
Во економско- правната и трговската струка се пријавиле 90-ина ученици за во три паралелки
Со овој социјално-социолошки феномен во Куманово никој не се занимава,или барем за сега никој не ги објавува резултатите од истражувањето.