Јужнокорејски сателит ја згреши орбитата

Јужна Кореја ја лансираше својата прва ракета, но сателитот што го носеше не влезе во планираната орбита. Ракетата, изградена со руска помош, е прво лансирана ракета од јужнокорејска територија.
Ракетата требаше да биде лансирана минатата недела, но лансирањето беше откажано поради технички проблени.
Претседателот на ЈУжна Кореја Ли Миунг Бак оцени дека лансирањето било „половичен успех“.