Изреалскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во Лондон ќе се сретне со британскиот премиер Гордон Браун на разговори за повторно започнување на Блискоисточните мировни разговори. Нетанјаху во Лондон ќе се состане и со американскиот пратеник за Блискиот Исток Џорџ Мичел, а в четврток во Берлин и со германскиот канцелар Ангела Меркел. Британија и Германија се главни поддржувачи на американските барања за продолжување на преговорите кои беа прекинати по израелската офанзива во Појасот Газа во декември минатата година.