САД ја продолжува поддршката на Косово

Новиот амбасадор на САД на Косово Вилијам Кристофер Дел изјави дека неговата земја ќе продолжи да го поддржува Косово како и дека независноста на Приштина е „неповратна“. Косовските власти пак, како што пишува приштинскиот дневен весник Експрес, ќе продолжат да лобираат во втората половина на септември во државите кои сеуште не го признале Косово.