Шкотскиот Парламент ќе расправа за „Локерби“

Шкотскиот Парлемент е повикан да расправа за одлуката на владата да го ослободи Абдел Басет ал Мегхри – бомбашот од Локерби што предизвика големи реакции во Соединетите Држави. Претходно, американскиот сенатор Џо Либерман побара независна истрага за одлуката на Шкотска изразувајки загриженост дека британските интереси во Либија имале улога во случајот. Абдел Басет ал Мегхри кој го урна Пан Ам над Шкотска, при што загинаа 270 лица претрежно американци, е ослободен од доживотна робија поради тоа што е болен од рак.