Кабинет на Иванов: Има место за модификации - зависи од другата страна

Се уште има место за многу модификации во однос на последниот сет идеи на медијаторот Метју Нимиц, но не може да се прејудицира какви ќе бидат неговите конкретни чекори, оценуваат во кабинетот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Прашањето за името, како што велат, може да дојде до напредна фаза, но дали таа ќе биде финална, зависи од другата страна. Република Македонија секогаш била сериозна во преговорите, чија динамика во последниве еден до два месеца е зголемена.Од кабинетот на Иванов, истакнуваат дека тој веднаш по инаугурацијата упатил покана за средба до грчкиот претседател Карлос Папуљас, но одговор досега нема.Во врска со евроинтеграцијата, очекувањата на шефот на државата, врз основа на контактите што ги има со меѓународни претставници, се дека Македонија наесен ќе добие позитивен извештај од Европската комисија.