По инцидентот на навивачката група „Комити“ и месното население во Нерези, 22 годишен скопјанец претепан од четворица соседи во Чаир кои мислеле дека е „Комита“. Експертите предупредуваат на можна ескалација на насилствата и бараат да се интервенира веднаш
По тепачката што се случи помеѓу навивачката група Комити и месното население од скопската населба Нерези сега нов инцидент, како резултат на ова. Дваесет и двегодишен скопјанец е претепан од четворица соседи во наслебата Чаир, бидејќи мислеле дека е член на Комитите. Полицијата апелираше да се одложи и натпреварот на фудбалските клубови Шкендија и Тетекс во Тетово, поради опасност да не дојде повторно да вакви слични инциденти. Мора веднаш да се интервенира, бидејќи ваквите пресметки може да прераснат во нов извор на уште поголеми насилства, омраза и одмазда кај луѓето вели социологот Нелко Стојановски.
„Во секој случај, треба да се преземе нешто, да се спречат овие појави, да не се разгорат во нешто поголемо. По моја оценка има можност за поголеми инциденти. Кај ваквите организирани толпи постои често пати неартикулирана агресија, која може да ја празнат на ваков непримерен начин.“
Полицијата треба да дејствува уште од зачетокот на ваквите настани, бидејќи на прв поглед не оставаат впечаток дека ќе прераснат во нешто поголемо, посериозно и поорганизирано, што најчесто се случува вели политикологот Махи Несими.
„Внимателно треба да се постапи во овие случаи, бидејќи еден настан го предизвикува другиот и тогаш работите одат во синџир. Во вакви случаи потребна е само една искра, за сето тоа да излезе од контрола.“
Против Осумина комити се поднесени кривични пријави од кои повеќето се малолетници, а седум лица се повредени. Од МВР велат дека доколку и полицајците кои тогаш биле на должнст доколку не реагирале соодветно и тие ќе сносат одговорност. Тие моментално го утврдуваат и идентитетот на другите учесници. Од МВР изјавија и дека ќе се поднесат кривични пријави против сите оние луѓе кои носеле ладно оружје за време на настанот.
Во секој случај, треба да се преземе нешто, да се спречат овие појави, да не се разгорат во нешто поголемо. По моја оценка има можност за поголеми инциденти. Кај ваквите организирани толпи постои често пати неартикулирана агресија, која може да ја празнат на ваков непримерен начин